сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 13
home Познати

Ким Кардашијан подарува 500.000 долари на Твитер: Секој може да учествува и тоа многу едноставно!

Ким Кардашијан подарува 500.000 долари на Твитер: Секој може да учествува и тоа многу едноставно!

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот, Ким Кардашијан (40) им подарува на нејзините фанови половина милион долари, а учеството во наградната игра е многу едноставно.

Имено, познатата старлета на својот Твитер профил напиша дека ќе подари 500 УСД за 1.000 луѓе што случајно ќе бидат избрани.

– Еј луѓе, ова е најубавиот период од годината. Знам дека 2020 година беше тешка година и многумина се загрижени дали ќе можат да платата кирија, да обезбедат храна за своето семејство или да купат божиќен подарок за децата, започна Ким во обраќањето до нејзините фанови.

– Сакам да ширам љубов подарувајќи по 500 долари на 1.000 луѓе, напиша Ким со хаштагот „KKW holiday“ и ги покани обожавателите да ги остават своите податоци, а најсреќни 1000 ќе добијат по 500 долари.

Фановите можат да се пријават на Твитер со едноставно испишување на на хаштагот „$cashtag“ и #KKWHoliday.

Коронавирус