понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 82
home Познати

Ким Кардашијан ја откри својата емотивна страна: „Плачев секој ден бидејќи ме нарекуваа кит“

Ким Кардашијан ја откри својата емотивна страна: „Плачев секој ден бидејќи ме нарекуваа кит“

Ким Кардашијан им се обрати на Инстаграм на сите што ја навредувале за нејзиниот изглед во напредната бременост во 2013 година.

„Плачев секој ден поради тоа што му се случуваше на моето тело, најмногу поради притисокот затоа што постојано ме споредуваа со она како општеството мисли дека треба да изгледа здрава личност – исто како што медиумите ме споредуваа со китот Шама“,рече Ким во однос на споредбите со кит.

„Ме исмеваа секоја недела на насловните страници . Тоа навистина ме скрши“, рече Кардашијан.

Таа се присетила на своето непријатно искуство по гледањето на документарецот за Бритни Спирс, кој го следи нејзиниот подем во кариерата и медиумското покривање на нејзиниот нервен слом во 2007 година.

Кардашијан (40) напишала дека медиумите „можат да бидат многу трауматични и можат да ја скршат дури и најсилната личност“.

Кардашијан ја роди ќерката Норт во јуни 2013 година, синот Сент во 2015 година, а подоцна доби уште две деца од сурогат мајки. Минатиот месец таа поднесе барање за развод од раперот Канје Вест, со кого беше во брак скоро седум години.

Локални избори 2021