петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Познати

Kим Кардашијан го „смувала“ поранешното момче на Џенифер Лопез?

Kим Кардашијан го „смувала“ поранешното момче на Џенифер Лопез?

Иако официјално се уште не е разведена од Канје Вест, изгледа дека Ким Кардашијан има нова љубов, пишуваат странските медиуми.

Имено, како што се наведува, станува збор за поранешниот свршеник на Џенифер, Алекс Родригез, а на ова врска наводно ја убедила нејзината мајка, Крис Џенер.

Се пишува дека во последните месеци тие наводно се во контакт и размислуваат за врска бидејќи Ким наводно бара некој кој ќе може да и парира кога се финасиите во прашање.

Крис Џенер верува дека Ким и Алек се новиот „златен пар на Америка“.

„Ким не е тип на девојка каква што сака Алекс, но сака да најде популарна партнерка за да и контрира на Џенифер, која ја обнови врската со Бен Афлек. Освен тоа, Ким е помлада од Џенифер и Алекс е импресиониран со тоа што сака да стане адвокатка“, вели изворот и додава:

„Рано е, но изгледа се заинтеренсирани еден за друг“.

Сепак, друг извор близок на Кардашијан- Џенер тврди дека Ким и Џенифер се добри пријателки и дека овие написи нема шанси да се точни.

Од друга страна, додека Џенифер ужива во врска со Бен Афлек, поранешниот сопруг на Ким, Канје Вест ужива во врска со Ирина Шајк.

Коронавирус