недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Познати

Кевин од „Сам дома“ конечно ја откри вистината: Зборуваа дека Мајкл Џексон го злоставувал, а еве што вели тој

Кевин од „Сам дома“ конечно ја откри вистината: Зборуваа дека Мајкл Џексон го злоставувал, а еве што вели тој

Меколи Калкин, најпознат во улогата на „Сам дома“, беше најголема детска ѕвезда во деведесетите и близок пријател на Мајкл Џексон, за кого се повеќе луѓе тврдат дека е педофил.

Во документарецот „Leaving Neverland“ за наводните злосторства прозборија две негови жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.

Во таква врска со Џексон често беше доведуван и Меколи Калкин, а актерот сега се одлучи да ја раскаже вистината за својот однос со пејачот.

Калкин дал интервју за Ексвајер и одговорил на прашање кое ги мачело сите медиуми.

-Вака, ќе започнам веднаш со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов, започнам Калкин.

„Сега е вистинско време да прозборам и ако имав што да кажам, би кажал сега. Никогаш ништо лошо не ми направил и не сум го видел да прави нешто лошо“, повторил Калкин.


Калкин во интервјуто раскажал дека го сретнал актерот Џејмс Фрнак откако излегол документарецот за злоставувањата, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил.

Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот. Последен пат се виделе во 2005 година, на судењето на Џексон за педофилија.

Коронавирус