четврток, 22. април 2021. Вести денес: 101
home Познати

Кендал со една реченица ги замолчела сите кои ѝ се потсмевале на нејзините акни

Кендал со една реченица ги замолчела сите кои ѝ се потсмевале на нејзините акни

Славната манекенка оваа година за прв пат присуствувала на престижното доделување на “Златните глобуси”.

Иако не е актерка, Кендал исто така носела црна креација и со тоа ги поддржала холивудските ѕвезди во иницијативата “Time’s Up”. Но, дури и нејзиниот раскошен фустан со потпис на модната куќа “Giambattista Valli” не успеал да го оттргне вниманието на јавноста од нејзиното лице, со што Кендал се нашла на мета на критики поради акните.

Иако овогодинешното доделување на “Златните глобуси” помина во знакот на борбата за поголеми права на жените, вниманието на јавноста го оттргна проблематичната кожа на 22-годишната манекенка.

Ова не е прв пат Кендал да се соочува со критики на сметка на своите акни, иако тие во нејзините години се сосема нормална појава. Но, манекенката овојпат одлучила да не молчи и на Твитер одговорила со една реченица.

“Горда сум и среќна што списанието “Vogue” ми овозможи да присуствувам на овогодинешното доделување на “Златните глобуси”. Очите ми беа широко отворени, а срцето исполнето поради сите мажи и жени кои беа дел од оваа голема промена”, напишала манекенката со хаштаг #Timesup.

Најнови вести

Коронавирус