четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 44
home Познати

Кендал Џенер на Инстаграм откри дека е во врска со НБА ѕвезда (ФОТО)

Кендал Џенер на Инстаграм откри дека е во врска со НБА ѕвезда (ФОТО)

По неколкумесечни шпекулации, Кендал Џенер на Денот на вљубените потврди дека се забавува со ѕвездата на НБА, Девин Букер.

25-годишната Кардашијан на Инстастори објави фотографија со кошаркарот на Феникс Санс.

Џенер и Букер биле забележани заедно уште во април минатата година, по што таблоидите постојано пишуваа за нивната потенцијална врска кога беа забележани за време на заеднички шопинг или други активности, пренесува Daily Mail.

Џенер претходно била во врска со кошаркарите Блејк Грифин и Бен Симонс.

Букер се забавувал со манекенката Џордин Вудс, пријателка на Кајли Џенер.

Претходно овој месец, извор за Entertainment Tonight тврдел дека врската помеѓу кошаркарот и манекенската функционира затоа што тие не ја комплицираат. „Ниту една од страните нема големи очекувања или луди обврски“, тврди изворот, додавајќи дека распоредот на обете sвезди е доста збиен, за што и двајцата имаат разбирање.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија