среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Познати

Кејт Мидлтон тајно направи нешто кое никој не го очекуваше- светот воодушевен

Кејт Мидлтон тајно направи нешто кое никој не го очекуваше- светот воодушевен

Кога пред три месеци убавата војвотка ја исекла косата, никој освен нејзините најблиски соработници не знаел каде ќе заврши нејзината коса.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, својата коса ја донирала во хуманитарни цели за да на девојчињата кои се болни од рак им се направат перики.

Како што пишуваат странските медиуми, пред три месеци фризерот скоро 20. сантиметри и ја исекол косата која потоа била донирана во оргнизацијата „Малечка принцеза“ (Little princess).Ова здружение произведува перики за најмладите пациентки кои после хемотерапија и зрачење останале без коса.

Кејт на оваа идеја дошла пред четири месеци кога фризерот и предложил да ја скрати косата, бидејќи и била премногу долга. За да косата не се фрли војвотката се сетила на акцијата и одлучила да ја подари.

„Косата е испратена под лажно име така што организацијата не го знаеше нејзиното вистинско потекло – мислеле дека е од донаторка од областа Кенсингтон“, открил извор близок на палатата и додал:

„Прекрасно е кога ќе помислите дека таму некаде некое девојче носи перика направена од косата на нашата принцеза. Многу е трогателно тоа што го направила Кејт и многу внимателно бидејќи косата би била фрлена“.

Локални избори 2021