вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 20
home Познати

Кејт Мидлтон е новиот столб на кралското семејство, Британија е сигурна во тоа – еве и зошто

Кејт Мидлтон е новиот столб на кралското семејство, Британија е сигурна во тоа – еве и зошто

Јавноста имаше големи очекувања од војвотката од Кембриџ, но таа ги надмина сите тие очекувања на погребот на принцот Филип. И не станува збор само за смиреност и стил, туку и за начинот на кој се однесувала кон останатите членови на семејството.

Британското кралско семејство има среќа бидејќи достојна замена за принцот Филип (човекот кој ја поддржуваше кралицата и постојано стоеше во нејзина сенка 73 години) е Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.

Мудра, способна жена, предана сопруга и мајка, „светилник“ на стилот и елеганцијата, уште еднаш брилираше појавувајќи се на погребот совршено смирена, стилизирана и гледајќи директно во камерите, како да порачува: „јас внимавам на кралското семејство“.

Негативната слика за кралското семејство која се создаде во оној момент кога Меган и Хари излегоа пред камерите на Опра, едноставно исчезнала кога Кејт се појавила на погребот, покажувајќи дека круната е во сигурни раце.

Прво му пришла на принцот Чарлс, го прегрнала и го утешила, без размислување дали тоа е еден вид претерана блискост или не. Реагирала како грижлива и топла личност. Дека ситуацијата не била вештачка, сведочат матните фотографии бидејќи немало камери во близина. Значи Кејт не го направила тоа поради публицитет.

Друга голема работа била нејзината иницијатива повторно да ги обедини браќата, принцовите Вилијам и Хари. Прво му се обратила на Хари и разговарала со него, за на крајот своето место да му го отстапи на Вилијам и да ги остави браќата да поразговараат.

Поради нејзините постапки, Британија денес е мирна бидејќи знае дека монархијата нема да исчезне заедно со кралицата. Кејт е тука да доведе сè во ред.

Коронавирус