петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 193
home Познати

Катерина Грујиќ и Марко Гобељиќ открија дека чекаат девојче – еве кога е терминот, а името кое го одбрале е со особено значење за пејачката

Катерина Грујиќ и Марко Гобељиќ открија дека чекаат девојче – еве кога е терминот, а името кое го одбрале е со особено значење за пејачката

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ неодамна го кажаа судбоносно „да“ на приватна церемонија, а по неколкумесечни шпекулации, парот откри дека очекуваат девојче.

Имено, во изминатите месеци, Катарина неколку пати се појави во јавноста со „стомак“, но таа негираше дека е бремена.

Таа дури беше снимена на настапот во тесен фустан, каде беше јасно дека нема вишок килограми, туку труднички стомак, но тогаш Кача не се огласи за шпекулациите.

По венчавката, двојката ја воодушеви јавноста со добри вести.

– Во декември ќе имаме девојче и ќе ја наречеме Катја – рекоа Грујиќ и Гобељиќ за списанието „Стори“.

– Тоа е убаво име, започнува исто како и моето на К, и одлично оди со презимето Гобељиќ. Марко вели дека кај нас доаѓа друга принцеза, но јас навистина не би го рекла тоа со оглед дека многу клоца. Постојано е со прекрстени нозе. Се чини дека ќе биде вистинската комбинација на мене и Марка-дама и фудбалер.

Локални избори 2021