понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Катарина Ивановска ужива во мавровската зимска идила со сестра си (фото)

Катарина Ивановска ужива во мавровската зимска идила со сестра си (фото)

Нашата популарна и светски успешна макенка Катарина Ивановска има вистински домашен рај за душа.

Таа и нејзиниот партнер Цобе од минатата 2018 година имаат вила на Маврово каде поминуваат најголем дел од своето време.

Посебно сега за бегство од загадениот воздух, Кики со децата ужива во зимската планинска идила. Како мајка на две малечки дечиња, дополнителна рака за помош, секогаш е добредојдена.

Овој пат да се релаксира, да дише чист воздух, но и за да помогне и да се забавува со внучињата, беше нејзината постара сестра Кристина. Сестрите се фотографираа заедно додека пијат топло чајче и се „печат“ на сонцето.

-Те сакам сестричке, пишува манекенката во описот на фотографијата.

Со семејството секогаш е најубаво, а покрај таква природна убавина и детска љубов, доживувањето е бесценето!

 

извор: vistina.com.mk