петок, 20. мај 2022. Вести денес: 80
home Познати

Каролина Гочева жртва на сајбер измама (ФОТО)

Каролина Гочева жртва на сајбер измама (ФОТО)

Македонската пејачка Каролина Гочева, годинава ја започна со промени и тоа на себе. Имено, таа ја скрати својата долга коса и сега има рамна, но пократка коса. Во истовреме направи фотографија со новата фризура и со чаша бело вино и бакнеж наздрави за досега остварените соништа и новите надежи што и претстојат. Арно ама, наздравувањето по се изгледа уште во старт не ќе да беше на арно…!?

Имено и името и ликот од истата таа фотографија на „македонското девојче“ деновиве беа злоупотребени, а Каролина на своите Инстаграм приказни ја обзнани и објасни сајбер измамата.

Не е прв пат, а ни Каролина за жал, не е ниту прва, чие име и лик се злоупотребуваат со „задни намери“ за да се направи „оригинал фалсификат“ преку кој со измама ќе се заработат пари. Таков е случајот и овој пат, кога бил изработен нејзин лажен профил на социјалните мрежи од засега непознати сторители, а истиот тргнале да го користат за криминални цели, поточно за зарботка на пари преку непостоечка наградна игра.

Во неа, Каролина со име и презиме и лик е грубо искористена за да се манипулира со нејзината популарност, а во исто време како божемно заштитно лице или инфлуенсер, да се намамат нејзините и не само нејзини следбеници, туку сите корисници на социјалните мрежи воопшто, да „влетаат во стапицата“, во која и тие ќе бидат измамени, а на нивна сметка „сајбер арамиите“ ќе дојдат до богата заработка.

За каква наградна игра се работи Каролина детално не објаснила, но за среќа таа или некој друг ја препознале измамата и осуетиле нечесната намера на „организаторите“, па пејачката побрзала во приказните на својот Инстаграм профил да ја предупреди јавноста дека се работи за дрска лага и класична злоупотреба.

Патем, ги замолила сите што ќе налетаат на лажниот профил да пратат рапорт, сајбер криминалот да биде спречен. Веројатно уплашени од можните последици откако биле откриени, „творците на измамата“ набрзина го избришале лажниот профил или пак самиот администратор на социјалната мрежа побрзал да го блокира, па истиот повеќе не постои и барем времено или трајно не може да се дојде до него.

А Каролина? Среќа што навреме ги „провалила“ измамниците, па на сите ѕвона ја обзнанила суштината на измамата на нејзина сметка и штета, како и на потенцијална штета на оние кои евентуално ќе наседнеа на лажната наградна игра со Каролина!

Најнови вести

Коронавирус