вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 26
home Познати

Карлеуша се прости од писателката со порака која таа и ја испратила откако починала мајка и Дивна- ова е големината на човекот (ФОТО)

Карлеуша се прости од писателката со порака која таа и ја испратила откако починала мајка и Дивна- ова е големината на човекот (ФОТО)

Море од познати личности се опростуваат од српската писателка Исидора Бјелица која почина вчера на 53 годишна возраст по повеќе годишната борба со ракот.

Меѓу нив е и пејачката Јелена Карлеуша која на Инстаграм сподели стори на кое се гледа пораката како писателката се простила од Дивна, мајката на Карлеуша која почина минатиот март.

-Нашиот живот на земјата е само дел од патот. Она што го оставаме како трага после нас единствено има смисла. А тоа како нас не паметат, толку сме биле големи. Патувај драга Исидора, остави неизбришлив траг. Сега нема болка, нема проблеми, нема препреки. Само чиста енергија на која вистински и припаѓаш, напиша Јелена во прошталната порака.

Таа под оваа порака ја сподели и фотографијата од пораката од Исидора како сочувство која и ја пратила во миговите кога Карлеуша ја загуби својата мајка.

Инаку писателката со години се бореше со ракот, а битката ја загуби вчера на 53 години.

Коронавирус