сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Познати

Карлеуша се појави во стајлинг од вртоглави 4.000 евра (фото)

Карлеуша се појави во стајлинг од вртоглави 4.000 евра (фото)

Популарната пејачка Јелена Карлеуша во провокативен фустан со длабоко деколте и уште подлабок шлиц ја распали имагинацијата кај припадниците на посилниот пол.

Карлеуша се упатила на вечера со пријатели, а за таа прилика, како и секогаш била скоцкана тип-топ од глава до пети. Таа ја променила фризурата, па тие афро-локни дале посебен печат на нејзиниот целокупен изглед.

Пејачката носела тесен, долг фустан кој ги истакнува сите нејзини атрибути, како што се бујните гради, тенката половина и долгите нозе.

Таа за овој стил „искеширала“ 4.000 евра, а сите се согласуваат дека пејачката изгледа како милион долари.

Меѓутоа, фустанот што го носи таа, верувале или не чини само 39 евра, додека чантата што ја носи е 3.700 евра.

Пејачката на нозе носела обувки од познатата светска дизајнерка Џесика Рич кои чинат 282 евра.

Погледнете ја:

Коронавирус