петок, 27. мај 2022. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша и Зоран уживаат во Дубаи: Никој не се борел за мене како Зоки!

Карлеуша и Зоран уживаат во Дубаи: Никој не се борел за мене како Зоки!

Регионалната турбо фолк ѕвезда Јелена Карлеуша го продолжи престојот во Дубаи, каде минатата недела имаше настап. Во популарниот ,,Фајв” ресорт таа се релаксира заедно со Зоран Бирташевиќ, кој постојано објавува фотографии со кои открива како го минуваат времето.

По семејната драма на Божиќ, откако го обвини сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, пејачката го одложи настапот во Дубаи, кој требаше да се случи на 14-ти јануари, а потоа истиот го одржа на 21-ви.

Инаку, Бирташевиќ кој е дипломиран фармацевт, повеќе од десет години е покрај Карлеуша. Тој е нејзин менаџер, ПР и продуцент, кој ја следи на сите настани.

На секое гостување во Македонија тој беше со неа, а како што појаснува пејачката, не може да си го замисли животот без него и неговата поддршка.

-Малкумина ја имаат среќата да запознаат пријател за цел живот, кој се жртвува и бори за нас како татко, како брат. Пријател во добро, а најмногу во зло. Ја имав среќата да го запознаам човекот кој ми стана најголема поддршка, соборец, брат…

Тој е мој најверен соработник во оваа земја каде доживувам неразбирање, напади, медиумски линч. Никој за мене не се борел освен мајка ми, тетка ми и Зоки – напиша Карлеуша на Инстаграм минатата година.

Покрај настапот во Дубаи, Јелена беше главна музичка ѕвезда на новогодишниот концерт на плоштад во Белград. Минатото лето ја започна сезоната на настапи со концерт во Охрид. Исто така и во 2020 година, кога во Србија се откажуваа настапи поради пандемијата, таа направи концерт во Охрид, кој беше нејзин единствен настап таа година.

Коронавирус