петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Познати

КАРДАШИЈАН ТАНЦУВА НА БОСАНСКИОТ ХИТ Се огласи и фолк пејачот (ВИДЕО)

КАРДАШИЈАН ТАНЦУВА НА БОСАНСКИОТ ХИТ Се огласи и фолк пејачот (ВИДЕО)

Уште еден балкански хит се врти на социјалната мрежа ТикТок и стаса дури и до домот на ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан.

Песната „Хеликоптер, хеликоптер“ во изведба на пејачот Фазлија од Босна и Херцеговина, а која е објавена во 2016 година, стана апсолутен хит и светски тренд на социјалната мрежа, а многу повеќе познати инфлуенсери ги снимаат своите објави со оваа песна.

Најстарата од семејството Кардашијан, Кортни, со своето момче, тапанарот Тревис Баркер и ќерката Пенелопе, снимија видео во кое со оваа песна ја изведуваат популарната кореографија.

Во овој тренд, луѓето се вртат во круг, забрзуваат, а потоа забавуваат.

Кортни, нејзината ќерка и свршеникот танцувале на мелодијата на овој фолк хит, а потоа Тревис ја прегрнал Кортни и двајцата се насмејале.

По повод ова, се огласил и самиот пејач и рекол:

„Сега чекам повик од Кардашијан да одам кај нив на ручек па да им ја запеам „Малку виски, малку Кока-кола“. Мојот син вели дека секои 48 часа прегледите растат речиси за половина милион.“

@pandkourt

♬ Helikopter – Fazlija

Коронавирус