среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 137
home Познати

Кардашијан го фатила мажот во неверство, па ја претепала стриптизетата во хотелска соба

Кардашијан го фатила мажот во неверство, па ја претепала стриптизетата во хотелска соба

Поранешниот сопруг  на Клои Кардашијан, кошаркарот Ламар Одом, издаде автобиографија во која ја обвини Клои за напад на стриптизета.

Инцидентот наводно се случил во 2012 година, додека тие двајцата беа во брак. Одом тогаш бил во хотел каде повикал неколку стриптизети, а Клои им упаднала. Добила клуч од вработените во хотелот и нејзината мајка била со неа.

Влегла во собата и скокнала на првата девојка што ја видела. Почнала да ја удира и ја претепала, сликовито опишува Ламар во книгата „Darkness to light“. Мама Крис како и обезбедувањето се обидувале да ја извлечат бесната Клои, додека останатите стриптизети се разбегале, неведува тој.

Кошаркарот и ријалити ѕвездата се венчаа во 2009-та година, но поради неговите неверства и дрогата се разделија во 2013 година.

Клои во 2015-та покрена бракоразводна парница, која ја стопираше откако Ламар за малку не почина по бурниот викенд во Невада.

Коронавирус