недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 48
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Познати

Каков подарок доби од родителите ќе сфати кога ќе порасне: Ана и Швајнштајгер со милионски подарок за првиот роденден на синот

Каков подарок доби од родителите ќе сфати кога ќе порасне: Ана и Швајнштајгер со милионски подарок за првиот роденден на синот

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер го прославија првиот роденден на нивниот наследник.

За таа прилика тие подготвија и прослава, но за вистинскиот подарок момчето ќе дознае кога ќе порасне.

Станува збор за купен стан во Германија од страна на Ана и Швајни кој има 150 квадрати и се наоѓа во Минхен.

 

View this post on Instagram

 

Out for a stroll 💙👨‍👩‍👧

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on

-Ана и Бастијан многу вложуваат во својата иднина, тие не се двоумеа околу роденденскиот подарок, бидејќи сакаа да му обезбедат нешто што ќе му значи во животот. Иако двајцата се финансиски поткрепени, недвижностите никогаш не губат вредности, особено не во Германија. Бастијан инаку е емотивно поврзан за Минхен. Тоа е градот во кој играше фудбал и во кој живее неговото семејство, вели изворот кој додава дека парот за овој имот одвоил повеќе од еден милион евра.

Изворот вели дека станот има околу 150 квадрати, три спални соби, една детска, голема дневна соба, голема тераса, гаража, кујна и два тоалета. Тоа што е интересно е тоа што се е на копче.

-На пример ако сакате да слушате музика, само ќе треба да го изговорите името на изведувачот и веднаш ќе се запали уредот, вели изворот.