понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 109
home Познати

Како сестри: Oва е мајката на Викторија Лоба од која ја наследила својата убавина

Како сестри: Oва е мајката на Викторија Лоба од која ја наследила својата убавина

Викторија Лоба важи за една од популарните македонски пејачки со руско потекло.

Имено, Лоба е родена во Таганрог, Русија на 17 октомври 1988 година. На свои 8 години таа со семејството се сели во Скопје и уште од мали нозе е присутна на музичка сцена и ТВ станиците.

Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12-то место.

Лоба често е активна на социјалните мрежи, а сега откри и од кого ја наследила својата убавина.

Имено, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзината мајка Татјана Луговата на која и го честиташе роденденот.

„„Моја мама, моја љубов, среќен роденден. Среќа си!, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Таа во една прилика откри дека многу сака своето утринско кафе да го пие со нејзината мајка.

Многумина коментираат дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка, вие ќе се согласите ли?

Коронавирус