понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 161
home Познати

Како Оливер Драгојевиќ ја дочека Новата година?

Како Оливер Драгојевиќ ја дочека Новата година?

Добар е, добро се држи. Се слушнавме за Нова година. Ми кажа дека на телевизија ќе го прикажуваат неговиот омилен филм „Форест Гамп“. Рече дека обавезно ќе го гледа, вели за хрватските медиуми блискиот пријател и соработник на Оливер Драгојевиќ, Ненад Дробњак.

Хрватскиот пејач кој боледува од рак на белите дробови, Новата година ја дочекал со семејството. Од болница излегол минатиот петок по еден месец поминат таму.

-Среќен е, како нема да биде. Месец дена беше во болница. За Божиќ на кратко ни дојдоа децата. Сега е сезона на настинки, па го чуваме да не фати некој вирус, вели сопругата на Оливер, Весна.

Пред неколку дена го однеле Оливер на сплитското пристаниште за да го види својот брод и морето.

-Не може тој без своето море, вели Весна која додала дека со сопругот прошетале по пристаништето додека било сончево и топло.

 

Коронавирус