вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 38
home Познати

Како ли Викторија му допушти да се појави ваков? Бекам стана мета на потсмев поради стајлингот во кој се појави на ревија кај сопругата (фото)

Како ли Викторија му допушти да се појави ваков? Бекам стана мета на потсмев поради стајлингот во кој се појави на ревија кај сопругата (фото)

Познатата Британка Викторија Бекам минатиот викенд организираше модна ревија чии единствени гости беа членовите на нејзиното семејство – сопругот Дејвид, синовите Круз и Ромео и ќерката Харпер, додека најстариот Бруклин беше отсутен.

Поради пандемијата на коронавирусот, Викторија Бекам не можеше регуларно да ја претстави својата колекција, па нејзините омилени беа единствени гости, кои со гордост ги споделија фотографиите што ги направија на Инстаграм по тој повод.

Бекамови позираа весело за поддршка на својата мајка Викторија и сите се обидоа да изгледаат извонредно и трендовски, со тоа што Дејвид можеше да избере подобри обувки.

Имено, поранешниот фудбалер носеше бели чорапи и влечки, па затоа беше мета на потсмев на социјалните мрежи.

„За жал, сега ќе почнете да мислите дека може да носите чорапи и влечки за туширање како да сте Бекам“, „Значи, јас треба да бидам Бекам за да можам да се појавам некаде во ова“, „Катастрофа“ се само дел од коментарите на Твитер.

Коронавирус