понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 71
home Познати

Како кралица: Кејт Мидлтон во гламурозна тоалета на свечена вечера во Осло (ФОТО)

Како кралица: Кејт Мидлтон во гламурозна тоалета на свечена вечера во Осло (ФОТО)

Кејт Мидлтон која треба да роди во април, воодушеви со својата гламурозна појава на свечената вечера во кралската палата во Осло каде ги угостија домаќните: кралот Харалд со сопругата, кралицата Силвија, принцот Хаакон и неговата сопруга Мет Марит и принцезите Луси и Астрид.

Убавата бринета која откако стана членка на кралското семејство изгради моден стил и стана пример за многу вљубеници во модата, заблеска во раскошна тоалета од нежна бледорозева нијанса со потпис на омилениот нејзин дизајнер Alexander McQueen со ефект на апликација извезена во облик на цвет. Гламурозниот фустан за 36-годишната Кејт остави впечаток на кралица.

За овој одличен изглед, војвотката доби само пофалби.

Најнови вести

Коронавирус