четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Кајмакоски се огласи по скандалот со двоглавиот орел, а неговата српска колешка му се „залепи“: Се сакаме, ништо друго не е важно (ФОТО)

Кајмакоски се огласи по скандалот со двоглавиот орел, а неговата српска колешка му се „залепи“: Се сакаме, ништо друго не е важно (ФОТО)

Даниел Кајмакоски се извини после скандалот кој изби откако беше објавена негова фотографија на која тој делува дека покажува двоглав орел. Фотографијата од снимањето на ТЛЗП ги испровоцира Србите.

Пејачот истакна дека само ги покажувал налакираните нокти, а не симболот како и дека му е жал што настанала ваква ситуација.

-И` се извинувам на цела Србија и на сите нејзини граѓани кои се повредени од мојот гест. Тоа не ми беше намерата. Случајно ги ставив рацете така и испадна дека ја поддржувам „голема Албанија“. Ја сакам Србија, тоа е земјата во која се прославив и имам многу пријатели. Сите кои ме познаваат знаат дека сум последниот човек кој би поддржал такво нешто. На моите настапи и во јавност повеќе пати давав поддршка и кревав српско знаме, а со истото и се фотографирав. Горд сум поради тоа. Срам ми е што дозволив да бидам изманипулиран и фотографиран така што испаѓа дека промовирам омраза. Јас сум патриот и православец и мислам дека Србите и Македонците се два најблиски народи на Балканот, вели Кајмакоски.

Инаку, Кајмакоски во моментов учествува во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а во моментот кога настанала спорната фотографија го подготвувал костимот за имитација на Тејлор Свифт.

Многу негови колеги го подржаа објаснувајќи дека немал лоша намера, додека други му порачаа доколку тоа го направил со нaмера треба да се посрамоти.

Неговата колешка Едита Арадиновиќ која исто така учестува во „ТЛЗП“, застана на страната на Кајмакоски.

Имено, таа на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која го прегрнува Кајмакоски и во описот на истата напиша: „Се сакаме, бидејќи ништо друго не е важно“, напиша Едита и го подржа својот колега.