недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 88
home Познати

Кајли Џенер повторно на тронот, заработила вртоглави 540 милиони долари

Кајли Џенер повторно на тронот, заработила вртоглави 540 милиони долари

Тајната за неверојатната заработка на Кајли е во продажбата на 51 процент на нејзиниот бренд „Kylie Cosmetics“.

Глобалната пандемија на коронавирусот и тоа како остави трага во светот на шоубизнисот, а сето тоа влијаеше и на заработката во забавната индустрија. Сепак, на некои овие кризни времиња ниту малку не им влијаеа, а во таа група влегува и најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер.

Секоја година „Forbes“ ја објавува својата листа со заработката на славните, а оваа година 22-годишната Кајли, која воедно е и најмладата милијардерка во светот, убедливо води на топ листата со најплатените ѕвезди во оваа година со заработка од 540 милиони долари.

Тајната за неверојатната заработка на Кајли е во продажбата на 51 процент на нејзиниот бренд „Kylie Cosmetics“, на познатиот „Coty“ и покрај бројните шпекулации за манипулациите околу вистинската вредност на нејзиниот бренд со цел да ја напумпа цената.

Коронавирус