вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Познати

Јелена Joванова ја објави првата фотографија по породувањето (фото)

Јелена Joванова ја објави првата фотографија по породувањето (фото)

Македонската актерка Јелена Јованова пред некој ден првпат се реализираше во улогата на мајка.

Таа се породи во Загреб и на свет донесе син за кој го одбра името Јаков. Прв на социјалните мрежи и честиташе македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Неколку дена по породувањето, Јелена излезе од болница и сега е дома. По тој повод, таа ја објави првата фотографија, а во описот напиша емотивна порака за синот:

“Покрај секојдневните предизвици (добри и тешки), покрај земјотреси и пандемија од коронавирус (или пландемија- одберете во што ќе верувате), дома сме, а јас сум уште посилна по сето ова.Ви благодарам за желбите“, напша актерката.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, а меѓу нив и од Тијана Дапчевиќ која напиша:

„Аааааааа честито Периќи. Да е здрав и среќен, голем да расте. Едвај чекам да го запознам“.

Потсетуваме,  Јелена е  веќе 5 години  во среќен и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ. Нивната љубов се случи пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улог

Коронавирус