Веста за љубовната романса помеѓу Анастасија и фудбалерот Немања Гудељ силно одекна во јавноста минатиот месец, а од тогаш двајцата се секојдневно во медиумите.
Фудбалерот веќе некое време е во центарот на јавноста, бидејќи пред Анастасија го поврзуваа со пејачката од групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ.
Освен тоа јавноста на големо се прашува како ја освоил младата пејачка и што ли поседува тој за да девојките лудуваат по него, а фотографиите на неговиот Инстаграм профил го даваат одговорот на сите овие прашања.
Не, само што е харизматичен, туку и одличен спортист кој поседува тело од милион долари.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Тој е атлетски граден и е сон на многу девојки, а Анастасија е вистинската среќа за него, бидејќи го освои најпопуларниот фудбалер во регионот, пишуваат српските медиуми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
И семејството на Гудељ има јасен став за Анастасија Ражнатовиќ.
Доколку судиме по објавите на социјалните мрежи, семејството на Немања Гудељ и младата пејачката Анастасија Ражнатовиќ, поминаа убаво време во Шпанија. Кога беше објавено дека ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ се забавува со фудбалерот, по крајот на врската од бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, многумина се запрашаа како се согласува Анастасија со најблиските на Немања.
View this post on Instagram
Според она што го пишуваат медиумите, идната свекрва на Анастасија, Оливера Гудељ, по заедничкото дружење во Севиља, само го зацврстила позитивното мислење кое го имала за избраничката на својот син, а исто така и сестрата Вања и братот Драги го имаат истиот став.
View this post on Instagram
„Анастасија, инаку е една сосема приземна и пристојна девојка, а кога семејството Гудељ е во прашање не ни можеше да глуми ѕвезда. Немања, покрај татко му фудбалер има израснато во богатство, а и самиот многу млад постигна голем успех, така што тешко дека некоја девојка може да гледа од висина. Меѓутоа, Анастасија не е ни замислена, не глуми ѕвезда, бидејќи, без оглед на богатството, живеела еден сосема нормален живот, на што нејзината мајка Цеца отсекогаш инсистирала“ – тврди извор за „Свет&Скандал“.
Следбениците на пејачката имаа можност да видат низа фотографии со семејството на Немања Гудељ, кое судејќи по сѐ е пресреќно за нивната врска.