понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 86
home Познати

Јана Бурче проговори за болеста на својата ќерка

Јана Бурче проговори за болеста на својата ќерка

Јана Бурче ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ во 2017 година со песната „Dance alone“.

Јана остана запеметана по тоа што нејзиното момче ја запроси на „Евровизија“ пред милионскиот аудиториум, а и тогаш пред ТВ екраните откри дека е бремена.

Бурче ужива во мајчинството на својата ќерка Дона која во октомври наполни една година.

За порталот „Женски магазин“, Јана откри дека нејзината ќерка ја наследила болеста од неа. Имено, станува збор за атопичен дерматитис, односно хроничнo-воспалителна болест која се карактеризира со сува кожа, чешање и црвенило.

„Оваа болест имам од раѓање, а ја наследи и мојата ќеркичка, што значи имам искуство еден тон. Во времето кога јас сум била бебе, секако од она што ми кажувале моите родители, било исклучително тешко да се контролира состојбата поради недостигот на соодветни препарати. Среќна сум што во денес има огромен избор на производи за нега на атопична кожа, тоа на некој начин ме успокојува кога станува збор за состојбата на Дона, вели пејачката.

Таа истакна дека ваквата болест може да го наруши квалитетот на животот.

„Чешањето може да биде неподносливо, особено во текот на спиењето. Сум била во состојба кога кожата на рацете ми била толку сува и затегната што движењето на прстите ми се чинело невозможно. Замислете како овие симптоми ги поднесува едно бебе. За среќа, Дона досега нема толку агресивна форма како онаа што јас сум ја искусила и се надевам дека тоа нема да се случи“

Бурче истакна дека постојат многу приченители кои може да ја вложат ваквата состојба.  Некои од нив може да биде исхраната, воздухот, средства за хигиена, дури и некои парчиња облека.

„Да речеме дека внимавате на исхраната, сте ги отфрлиле производите кои што ја влошуваат состојбата на вашата кожа, меѓутоа ви пречи воздухот. Од таа причина заминувате на планина, но таму ви пречи детергентот кој го користи хотелот за одржување на постелнината. Ова ви предизвикува стрес – повторно резултатот е иритирана кожа. И така оди волшебниот круг., вели Јана.

Бидејќи Јана има искуство со ваква болест, сигурно ќе направи што е потребно за нејзината Дона, а советува да не се пробуваат никакви лекарства без дозвола од доктор.

Вистина.мк