вторник, 9. март 2021. Вести денес: 4
home Познати

Ја знаеме од познатата комедија: Оваа атрактивна актерка ќе ја замени Ким во улогата на Саманта? (ФОТО)

Ја знаеме од познатата комедија: Оваа атрактивна актерка ќе ја замени Ким во улогата на Саманта? (ФОТО)

И официјално е потврдено дека ќе гледаме нови епизоди од култната серија, како и дека Ким Катрал дефинитивно не се враќа во ликот на контроверзната Саманта. Веднаш се појавија гласини дека на нејзино место ќе можеме да видиме една од популарните холивудски секс-бомби.

Името што најмногу се споменува е Џенифер Кулиџ, 59-годишната sвезда која ја знаеме како мајката на Стифлер во комедијата „Американска пита“. Ја видовме и во филмот „Русокосата од Харвард“.

За време на гостувањето во една емисија, Џенифер потенцираше дека е голем фан на серијата. Не негираше дека добила таква понуда, но посочи дека Саманта е лик кој никој не може да го замени.

-Не сум само јас во прашање, апсолутно никој не може да ја замени Ким Катрал! Таа е едноставно совршена, истакна Кулиџ.

Покрај тоа, главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер најави дека нема да вклучи четврти женски лик бидејќи улога че играл Њујорк.

Дали тие само сакаат да ни го тргнат вниманието од гласините или ја кажуваат вистината? Ќе дознаеме наскоро …

Најнови вести

Коронавирус