четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 75
home Познати

Ја скршиле вратата, но Николина Пишек заедно со ќерката ги пронашле во несвест- се задушиле од плин, ова се морничавите детали

Ја скршиле вратата, но Николина Пишек заедно со ќерката ги пронашле во несвест- се задушиле од плин, ова се морничавите детали

Хрватската водителка Николина Пишек и нејзината ќерка Уна биле пронајдени во несвесна состојба во нивниот дом, откако вдишале преголема количина на јаглерод моноксид, веројатно заради лоша плинска инсталација, но за среќа сега се добро по кратката хоспитализација.

Според српските и хрватските медиуми, водителката Николина Пишек се соочила со животно-загрозувачка ситуација за време на викендот во нејзиниот дом во Загреб.

Наводно, во домот каде Пишек (42) живее заедно со нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ (42) и ќерката Уна, пукнала цевка која обезбедува греење во зградата, а таа и ќерката се отруле од јаглерод моноксид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Извор близок до српски Блиц изјавил:

„Сѐ се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина околу 20 часот се слушна со Видое, кој заради работни обврски дојде во Белград, а таа му рече дека се вратиле дома и заедно со ќерката ќе гледаат филм и ќе одмараат.

Потоа Николина му се јави на сопругот околу 1 часот ноќта и му кажа дека нивната ќерка Уна повраќа и има силна главоболка. Тогаш кажа дека и таа не се чувствува најдобро. Видое ги посоветува да одат веднаш кај доктор, со што Николина се согласи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Кратко потоа сопругот повторно ја бараше, но Николина не се јавуваше. Видое веднаш се јави кај пријатели кои отидоа до нивниот дом да видат што се случува со Николина и Уна. Но, никој не отворал врата. Тие ја скршиле вратата и ја виделе Николина во несвесна состојба на подот, а ќерката на кревет.

Веднаш викнале полиција и брза помош и се установило дека цевка која пукнала предизвикала труење со гас. Тие беа пренесени во болница. Пожарникарите измериле дека во куќата во тој момент имало 7 пати повеќе од дозволената доза на плин.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија