среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 147
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

ЈА ПРЕТРКАА И ЛЕПА БРЕНА – Анастасија со нов бизнис во центарот на Белград, многу жени од кај нас сигурно наскоро ќе тргнат за соседството (ФОТО)

ЈА ПРЕТРКАА И ЛЕПА БРЕНА – Анастасија со нов бизнис во центарот на Белград, многу жени од кај нас сигурно наскоро ќе тргнат за соседството (ФОТО)
Foto: ANA PAUNKOVIĆ

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ денес официјално отвори козметички салон во Белград, а на настанот дојде особено среќна и насмена до уши заедно со својата мајка Цеца.

Анастасија не ја спушташе насмевката од лицето, а за оваа прилика одбрала плав краток фустан со розова кожна јакна, додека во рацете носеше исто така розова чанта.

Младата пејачка одамна сакаше да отвори нешто свое, па така на 23 години стана сопственичка на салон за убавина.

Цеца во оваа прилика носеше црно бела комбинација која ја искомбинирала со каиш на половината, додека исто така како својата ќерка видно расположена позираше за папараците.

-Многу ми е мило што го оствари својот сон, јас ја поддржав во ова, зошто да не. Ова неа супер ќе и тргне, кратко изјави Цеца.

Инаку и Лепа Брена најави козметичка линија, но поради короната сето тоа го пролонгираше, па засега нема никаква информација до каде е лансирањето на брендот.

 Foto: ANA PAUNKOVIĆ

Коронавирус