недела, 20. септември 2020. Вести денес: 72
home Познати

Ја прашаа Мелита дали повторно би се омажила – eве што одговори (фото)

Ја прашаа Мелита дали повторно би се омажила – eве што одговори (фото)

Некогашната македонската ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ доста е активна на социјалните мрежи.

Иако повеќе не е дел од ТВ екраните, нејзината популарност не паѓа, па фановите често се интересираат за неа, нејзиниот приватен живот, актулени случувања….

Таа често знае да сподели разни провокативни фотографии на кои ги истакнува своите облини и атрибути, а следбениците на социјалните мрежи ја опсипуваат со коментари, а доколку објавите се во облик на „Инстаграм стори“, тогаш Мелита добива многу директни пораки.

Деновиве, Мелита го искористи слободното време за да одговара на разни прашања на оние кои ја следат на „Инстаграм“ истакнувајќи дека секојдневно ја бомбардираат со пораки, па сега може да ја прашат што сакаат.

Тие ја прашаа за нејзиниот приватен, професионален живот, за нејзината ќерка Барбара, но и упатија многу позитивни коментари на нејзина адреса.

Фановите и ја прашаа дали Мелита повторно би се вратила на малите екрани.

„Фалиш на ТВ. Никогаш нема да сфатам како телевизиите се толку глупи. Ало, Мелита дига рејтинг“, беше еден коментар, на што екс водителката одговори:

„Јас се повлеков бидејќи бев презаситена. Но, би сакала нов проект. Се мислам на каков медиум. Мојата популарност не паѓа“.

На прашањето дали повторно би ја водела емисијата „Pet show“, Мелита одговори:

„Зошто да не. Тоа е моја специјалност. Еве пред 9 години некоја емисија кој сака да ја гледа. А јас ќе се размислам“.

Следбениците ја прашаа и прашања од приватниот живот.

Па така некој ја праша кое изненадување го памети од некој маж, на што Мелита одговори:

„Еден маж во мојот живот буквално секој ден ми праќаше цвеќе. А има и убави други изненадувања која секоја жена ги сака“.

Мелита и доби прашање дали ако го најде вистинскиот би се омажила повторно, на што кратко и јасно одговори „ДА“.

Инаку, Мелита беше во брак со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ, а од нивната љубов произлезе ќерката Барбара која тргна по стапките на мама, па публиката може да ја гледа во естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Фановите и упатија на Мелита неколку прашања и за нејзината ќерка.

„Што кај твојата Барби најмногу те прави горда?“.

„Се’. Посебна и многу воспитана и со многу таленти. Но, кога таа пее, јас плачам од љубов. Мојата втора половина е“.

„Дали често се карате со ќерка ти?“, гласеше друго прашање, а Ракиќевиќ одговори:

„Па не. Обично јас сум таа што угодува, но се држам и строго кога треба. Но, ја размазувам и секоја желба и ја исполнувам“ одговори гордата мајка.

 

Дали Мелита серизоно ќе размисли да се врати на ТВ екраните, па можеби со нејзината ќерка заедно да се најдат во улога на водителки, останува да видиме.

Најнови вести

Коронавирус