сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 13
home Познати

Ја прашаа дали е бремена, а славната дама им објасни колку е непристојно тоа прашање (ФОТО)

Ја прашаа дали е бремена, а славната дама им објасни колку е непристојно тоа прашање (ФОТО)

Без да размислат колку тоа може да биде лошо иако се добронамерни, луѓето често прашуваат „Дали си бремена“?

Криси Тиген одлучи да ѝ возврати на обожавателка која ја праша дали е бремена поради стомачето на една од фотографиите споделени на Instagram.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

„Знам дека не мислеше да бидеш груба, но мисли двапати пред да го поставиш ова прашање. Постојат луѓе што не можат да забременат и ги боли секојпат. Не сум бремена, но би била среќна доколку бев. Но, исто така сум среќна што не сум бремена“ – напиша таа.

Криси отсекогаш била искрена и отворена за нејзината борба со неплодноста. Уште пред раѓањето на ќерката Луна, таа сподели дека со Џон Леџенд долго време неуспешно се обидувале да имаат дете.

И ќеркичката Луна и синчето Мајлс беа зачнати со ин витро.