четврток, 4. март 2021. Вести денес: 145
home Познати

Ја нарекуваа предавничка и добиваше низа смртни закани: Мира поради оваа љубов доживеа тешка судбина

Ја нарекуваа предавничка и добиваше низа смртни закани: Мира поради оваа љубов доживеа тешка судбина

Познатата актерка Мира Фурлан почина по тешко боледување во Америка.

Таа беше една од актерките за чиј живот се пишуваше и зборуваше во претходните децении и таа никогаш не го криеше фактот дека напуштањето на Балканот за неа било единствено решение за време на немирите што го зафатија регионот.

Таа беше меѓу најубавите жени на поранешна Југославија и по секоја цена сакаше да биде во љубов со човекот кој засекогаш го освои нејзиното срце.

Мира Фурлан е родена во Загреб. Таа има бројни значајни улоги во нејзината кариера, како оние во филмовите.

Уште во 1986 година, Мира се сретна со српскиот режисер Горан Гајиќ, со кого наскоро започна врска.

Бидејќи поради оваа врска живееше на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми ја обвинија за приклонување кон Србија во раните 90-ти и објавуваа текстови во кои ја нарекуваа предавничка. Често посетувала психијатар, поради што била изложена и на јавни осуди.

Откако доби отказ од Хрватскиот народен театар, одземен и е станот што го наследи од нејзината баба, а таа добиваше по 50 смртни закани на ден.

Поради сè со што се соочија, Мира и Горан беа принудени да се преселат во Белград во 1991 година, од каде заминаа во САД. За време на оваа емиграција, според медиумите, и помогнала покојната Милена Дравиќ.

Кога пристигнаа во САД, направија се за да преживеат. Горан работел како доставувач, асистент и уредник, а Мира како келнерка, продавачка и преведувач. Тие се заколнаа на вечна љубов и добија син кој го нарекоа Марко Лав.

Најнови вести

Коронавирус