недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 77
home Познати

ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО НА БЕН АФЛЕК ДОДЕКА ШЕТА СО ЏЕЈ ЛО Како да го принудиле да биде со неа (ФОТО)

ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО НА БЕН АФЛЕК ДОДЕКА ШЕТА СО ЏЕЈ ЛО Како да го принудиле да биде со неа (ФОТО)

Џенифер Лопез и Бен Афлек не престануваат да го привлекуваат вниманието каде и да се појават, а овој пат расположението на Бен во текот на прошетката со латино дивата оддава нешто сосема друго.

Џенифер и Бен го поминуваат секој слободен момент заедно, а по неодамнешното патување во Венеција, каде подготвија вистински спектакл за јавноста, парот се врати во Лос Анџелес и го минува слободното време со децата.

Имале и семејни собири во кино на отворено, по што Џеј Ло и Афлек излегле на прошетка.

Имено, додека Џенифер насмеано шета покрај својот сакан, држејќи го под рака и оддавајќи дека покрај него е многу среќна, изразот на лицето на Бен зборува дека не се чувствува ниту приближно задоволно како неговата избраничка.

Пејачката гледа вљубено во Бен, додека тој замислено гледа пред себе.

Тие двајца максимално го користат своето време и очигледно го поминуваат во различно расположение, што воопшто не ѝ пречи на вљубената Џенифер, само да е во негова близина.

Локални избори 2021