петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

ИЗЛЕГОА ДЕТАЛИ: Еве што мислел принцот Филип за одлуките на Хари и Меган

ИЗЛЕГОА ДЕТАЛИ: Еве што мислел принцот Филип за одлуките на Хари и Меган

Речиси една недела по смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, се откриваат детали од разговорите во Бакингемската палата. Британските медиуми сега особено посветуваат внимание на тоа што точно принцот Филип мислел за интервјуто на неговиот внук Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри, но и каков бил неговиот став за нивното откажување од кралските должности.

Наводно за интервјуто мислел дека е чисто лудило и дека од тоа нема да излезе ништо добро. По нивната одлука за преселба, според британските медиуми, им рекол дека тоа не е добро ниту за нив, ниту за Велика Британија. Но, сепак на крај ја прифати одлуката на внукот заклучувајќи дека тоа е негов живот и најдобро е да живее како што мисли.

-На војводата од Единбург му беше многу жал што работите се одвиваа така. Особено бидејќи Хари од него ја наследи титулата марински генерал и капетан во 2017 година, а потоа се откажа. Филип таа работа ја извршуваше 64 години, а Хари едвај преживеа 30 месеци. Војводата не беше задоволен со тоа, а не веруваше ниту во исправноста на нивната одлука, но сочувствуваше со внукот и на крајот го поддржа да ги прави работите на свој начин. Луѓето мораат да го водат својот живот онака како мислат дека треба, ми рече во една прилика, открива неговиот биограф Гилес Брандерт кој долго време работел за британските медиуми.

Тој открива дека на принцот Филип не му пречело што тие имале интервју додека е тој во болница, туку фактот дека одлучиле да говорат за своите проблеми јавно.

-Фактот дека интервјуто е прикажано додека тој е болница не му пречеше. Го загрижуваше тоа што Хари и Меган беа преокупирани со своите проблеми и нивната подготвеност за истите да разговараат во јавност. Едно од неговите правила беше телевизиските интервјуа да бидат забележани, но никогаш да не се разговара за приватни работи. Знам дека тоа правило го делеше со своите деца, па претпоставувам дека исто постапил и со внуците. На крај, Филип го сакаше Хари, му се восхитуваше на кариерата и го сметаше за добар човек, заклучува Брандерт.

Принцот Хари во недела слета во Велика Британија, каде е во карантин за да може да присуствува на погребот на својот дедо кој е закажан за 17 април. Неговата сопруга Меган Маркл нема да присуствува по добиените лекарски совети поради бременоста, одлука која била прифатена од кралицата Елизабета Втора.

Коронавирус