петок, 18. септември 2020. Вести денес: 31
home Познати

Ивица Дачиќ се вклучува: Ќе и помага на Тања Савиќ да си ги врати децата

Ивица Дачиќ се вклучува: Ќе и помага на Тања Савиќ да си ги врати децата

Српската пејачка Тања Савиќ веќе неколку месеци ги нема видено своите синови, а со денови ги нема ниту слушнато телрфонски, откако нејзиниот сопруг Душан како што вели таа, во април без нејзино знаење ги однел во Австралија.

Тања по месеци молчење, цврсто е решена да се бори за своите синови, па започна и јавно да се огласува и да говори со каква голгота се соочувала изминативе месеци. Јавно откри дека синовите и се киднапирани од сопругот.

Правда и помош пејачката одлучила да побара од српските и австралијански власти. Дел од српските медиуми тврдат дека во целиот процен се вклучува и лично министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

-Правиме се што е во наша моќ да и помогнеме на Тања да дојде до децата. Го вклучивме и Министерството за правда. Според Хашката конвенција тој нема право да и ги одземе децата, соопштено е од Кабинетот на министерот за Телеграф.рс.

Се наведува и дека поради ваквиот потег, на Душан му се заканува и затворска казна до 30 години.

Коронавирус