сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 76
home Познати

Исполнета големата желба на српскиот актер – во ковчегот засекогаш со него ќе го носи овој детаљ од кој многумина занемеа

Исполнета големата желба на српскиот актер – во ковчегот засекогаш со него ќе го носи овој детаљ од кој многумина занемеа

Српскиот актер Марко Живиќ беше погребан пред два дена на новите гробишта во Белград.

Претходно беше одржана и комеморација за овој голем уметник во белградскиот театар, а на истата беше откриено и еден непознат детаљ поврзан со погребот на актерот.

-Ние костимот на Марко од претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ го ставивме во ковчегот. Тој на 27 и 28 август ја имаше својата последна одиграна улога во оваа претстава и беше поздравен со громогласен аплауз како и секогаш, раскажа еден од колегите на Марко.

Инаку со ова е исполнета една од големите желби на актерот да носи со себе секаде еден детаљ од неговата омилена претстава.

Тој во едно свое гостување зборуваше и за тоа колку е горд и радосен на оваа улога.

-Горд сум на оваа улога и убавата екипа. Ова е единствениот костим кој ќе го однесам дома, многу сум сврзан за улогата на господинот Мартиниј, бидејќи тој е олицетворение на повеќето луѓе денес. Тој е многу тажен човек суштински, ја замолив управата кога оваа претстава ќе се симне од репертоарот да го откупам костимот и да го имам засекогаш во мојот орман, рече тој.

Коронавирус