четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

Испливаа докази дека Бритни се омажила во тајност

Испливаа докази дека Бритни се омажила во тајност

Бритни Спирс зад себе има два брака, а првиот траеше само 55 часа. Потоа се омажи за пријател од детството, Џејсон Александар, во Лас Вегас. Во 2004 година, таа се омажи за Кевин Федерлајн, со кого има две деца – Шон и Џејден, и се разведоа четири години подоцна.

Бритни потоа се вери со својот агент Џејсон Травиќ во 2011 година по една година врска, но нејзините обожаватели мислат дека се венчале во тајност.

Сомнежот го покренаа новите документи откриени за подкастот „Toxic: The Britney Spears Story“, кој е поддржан од активисти кои го започнаа движењето Free Britney во 2019 година.

Судските документи се поднесени во врска со старателството под кое живее Бритни од 2008 година. Сметководствените документи поднесени до судот во Калифорнија во октомври 2012 година содржат надомест за развод во износ од 9.150 американски долари, тврдат авторите на подкастот.

Тие, исто така, истакнаа дека пејачката случајно го нарекла Џејсон нејзин сопруг за време на радио интервју минатата година.

Џејсон работи како нејзин агент од 2008 година и стана нејзин чувар, заедно со нејзиниот татко Џејми, откако се верија. Нивниот развод беше објавен во 2013 година, само три месеци по поднесувањето на документите за развод.

Најнови вести

Локални избори 2021