Славната пејачка и актерка Џенифер Лопез неодамна за потребите на една кампања повторно се сликаше разголена и покажа дека линијата ја довела до совршенство.
Одличното тело на популарната Џеј Ло не е резултат само на физичките вежби, туку и на нејзината исхрана.
Личниот готвач на латино-ѕвездата, Калвин Фернандез, за американските медиуми откри дека нејзиниот режим е толку строг, што нема место за никакви грешки.
– Таа ретко јаде јаглени хидрати, а шеќер воопшто не јаде – откри тој.