понеделник, 11. ноември 2019. Вести денес: 125
home Познати

Ирина Шајк се исели од домот каде живееше со Бредли Купер

Ирина Шајк се исели од домот каде живееше со Бредли Купер

Со месеци се шпекулира за односот меѓу Ирена Шајк и Бредли Купер.

Американските медиуми пренесуваат дека наводно Ирина со нејзината ќерка се иселила од домот каде живеела со Бредли Купер.

„Се оладија односите меѓу нив. Не се во најдобри односи веќе неколку месеци и Ирина одлучи дека е најдобро да го напушти заедничкиот дом. Изгледа дека не им остана уште многу заедничко време“ вели изворот.

Исто така овој извор изјави дека нивната ќерка е единствена што ги одржува да се заедно.

„Тие се обидуваат за својата ќерка, но ништо не е добро. Никој од нив не е среќен“ велат луѓе блиски на холивудскиот пар.

Овој пар својата врска ја започна во 2015 година, а две години подоцна добија ќерка.

Најголемот скандалр за овој пар се појави во февруари оваа година на доделувањето на Оскари кога на сцената се појавија Лејди Гага и Бредли Купер да ја отпејат песната „Shallow“, по што започнаа гласините дека меѓу нив има нешто.

Најнови вести