сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 104
home Познати

Интересни детали за филмот кој го гледаме секоја година: Меколи имал средба со Мајкл Џексон, а актерката и денес ја вика “мамо“

Интересни детали за филмот кој го гледаме секоја година: Меколи имал средба со Мајкл Џексон, а актерката и денес ја вика “мамо“

Иако од снимањето на оваа урнебесна семејна комедија поминаа речиси 26 години, некои детали од снимањето ѝ станаа неодамна познати на јавноста.

Калкин заработил 4 и пол милиони долари од филмот 

Меколи Калкин за улогата на Кевин во второто продолжение од “Home Alone” заработил 4 и пол милиони долари. За споредба, за првиот дел од филмот, Калкин заработил 100 илјади долари, а тоа воедно бил и вториот најпопуларен филм снимен оваа година, по анимираниот филм “Aladdin”.

За време на снимањето било престудено

За време на снимањето на “Home Alone 2: Lost in New York”, надвор било толку студено што неколку камери буквално замрзнале, па морале да бидат заменети со други.

Калкин на сетот го посетил Мајкл Џексон

Меколи и Џексон се запознале неколку години претходно на Бродвеј. Американскиот пејач одлучил да го посети актерот на снимањето на второто продолжение на филмот, на големо воодушевување на остатокот од актерската постава.

Меколи сè уште ја нарекува актерката Кетрин О’Хара “мама”

Иако од снимањето на “Home Alone 2: Lost in New York” поминаа речиси 26 години, Меколи изјавил дека сè уште ја нарекува “мама” американската актерка која ја глуми неговата мајка во филмот.

“Таа засекогаш ќе биде мојата втора мајка”, додал актерот.

Коронавирус