понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 55
home Познати

Инстаграм ѕвездата брутално убиена во заседа која го шокирала светот: Клопчето се одмотува, а прашина кренал еден детаљ

Инстаграм ѕвездата брутално убиена во заседа која го шокирала светот: Клопчето се одмотува, а прашина кренал еден детаљ

На снимките од надзорните камери од 27-ми септември 2018-та година се гледа бел кабриолет во тесна улица. Човек, облечен во бело, трча кон возачкото место, сопира на неколку секунди, а потоа трча кон моторциклот со кој управува друг маж. Белиот спортски автомобил полека тргнува на улицата. Во него се наоѓа Тара Фарес, најконтроверзната ѕвезда на социјалните мрежи во Ирак, која умира од рани нанесени од огнено оружје.

Тара Фарес имала 2,7 милиони фанови на Инстаграм, кои ја гледале во различна облека, како покажува тетоважи или демонстрира техники на шминкање. Таа објавувала постови за патување, книги и смешни настани.

Таа и Ајуш – една од првите женски Ди-Џеи во Ирак биле пријателки. Ајуш се вратила во Багдад по краткото патување во Турција и тој ден примила повик од број што не и бил познат.

“Јас сум, Тара. Како беше на пат? Ајде да се видиме денес”, рекол гласот.

 

View this post on Instagram

 

Im upset 😠 #tarafares🕊

A post shared by Tara Fares | تاره فارس (@its.tarafares) on

Секој детаљ од повикот останал во нејзиното сеќавање.

Неколку часа по првиот телефонски повик, Ајуш и телефонирала на Тара да се договорат каде ќе се видат. Никој не одговорил.

Се обидела повторно да и се јави во 17;30 часот. Одговорило момче, врискајќи:

“Тара Фарес е убиена”.

Ајуш веднаш го проверила својот Фејсбук. Веќе имало пораки за смртта на Тара.

“Бев исплашена. Веднаш отидов дома”, вели 37-годишната Ајуш, чие семејство, по убиството на Тара, се исплашило дека и таа би можела да биде во опасност.

И новинарката Сара Хусам, која во април и правела интервју на Тара, била во шок. Седела со пријателите во кафуле – како и многу млади Ирачани во четврток. Вестите брзо се ширеле преку социјалните мрежи и практично сите околу неа знаеле за смртта на Тара.

Тара секогаш ја следеле контроверзи, а еден нејзин колега, именуван само како Мадџ – дури и помислил дека станува збор за шега, или рекламен трик – обид Тара да привлече повеќе внимание. Не било така.

 

View this post on Instagram

 

Some TARA 🏹 PhotoGhapher @tattooedsuperman #tarafares🕊

A post shared by Tara Fares | تاره فارس (@its.tarafares) on

Во многу делови од светот профилот на Тара не бил воопшто контроверзен, но тетоважите и натаму се радикална работа во Ирак, како и нејзиниот начин на облекување – вклучувајќи долна облека и костими за капење.

Следниот ден премиерот Хајдер ал Абади објавил дека започнала истрага. Медиумите пренеле дека Тара е трета позната млада позната жена која е убиена во Багдад за два месеци. Времето на тие убиства било слично – сите три жени биле убиени во четврток попладне. Освен Тара, тоа се Рафиф ал Јасири и Раша Хасан, двете во триесетите години. Полицијата рекла дека Рафиф умрела од прекумерна доза на дрога, а Раша од срцева инсуфициенција.

Јавноста почнала да паничи по убиството на Тара, прашувајќи се дали се полибералните жени на мета. Убиството на Тара било внимателно испланирано – насред бел ден во безбедно предградие, во улица полна со камери. Тогашниот министер Касин ал Араџи рекол дека Тара ја убиле екстремисти познати на полицијата од порано. Тој не ја идентификувал групата, но рекол дека во лето во 2017-та година го убиле и младиот ирачки актер и манекен Карар Нуши.

Извор: ТОЧКА