сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 56
home Познати

Индиската убавица го кажа судбоносното „да“

Индиската убавица го кажа судбоносното „да“

Пријанка Чопра и Ник Џонас се вериле пред една недела, тврди „Пипл“. Дваесет и пет годишниот пејач и предложил брак за време на нејзиниот роденден.

Кога тоа се случило, Ник и Пријанка, кои излегуваат два месеца, биле во Лондон. Џонас подготвил прстен, набавен од „Тифанис“ во Њујорк, објави извор на весникот.

– Тие се толку среќни, изјавил близок на двојката.

Џонас и Чопра се уште не ја потврдија веста.

– Моето семејство и неговите пријатели никогаш не го виделе толку среќен. Многу се среќни за него. Тој навистина има сериозни намери кон неа, додаде тој.

Режисерот на индискиот филм „Bharat“ – Али Абас Зафар на Твитер сподели дека актерката веќе нема да биде дел од неговиот проект. Со игра на зборови, тој го споменува името на Ник и додава дека сите се многу среќни за неа, а неговиот тим и посакува многу љубов и среќа.

Веста за веридбата доаѓа два месеца откако Џонас и Чопра почнаа да се забавуваат. Во текот на изминатите неколку недели, 25-годишниот пејач и 36-годишната актерка неколку пати беа снимени од страна на папараци, а Пријанка го однесе Ник и кај својата мајка во Индија.

МИА