петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 201
home Познати

Инцидент во Ковид амбуланта: Славица Ќуктераш се нашла среде хаос

Инцидент во Ковид амбуланта: Славица Ќуктераш се нашла среде хаос

Славица Ќуктераш на социјалните мрежи сподели што и се случило кога ја однела својата пријателка до Ковид центар.

Пејачката, како што откри, синоќа отишла до Ковид амбуланта во Нови Сад со нејзината пријателка, но во тоа време таму се случил инцидент.

– Ја донесов мојата пријателка до Ковид амбуланта во Нови Сад, и тука се тепаат, интервенира полицијата. Не можам повеќе – напиша Славица во својот пост.

Да потсетиме, пејачката ова лето се зарази со вирусот корона.

Славица помина 21 ден во изолација, заедно со нејзината колешка Милица Тодоровиќ, која исто така беше заразена.

– Така е, Славица е позитивна на вирусот корона. Ги презеде сите потребни мерки, а во моментов секој ден прима инфузии затоа што не се чувствува добро. Секако, се надеваме дека наскоро сè ќе биде во ред и дека таа ќе се врати на работа поподготвена од кога било – изјави тогаш ПР службата на пејачката.

Најнови вести

Коронавирус