петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Имала татко од пеколот кој пиел и се дрогирал- а од тоа што и го направил на својата ќерка фановите и денес го проколнуваат (ФОТО)

Имала татко од пеколот кој пиел и се дрогирал- а од тоа што и го направил на својата ќерка фановите и денес го проколнуваат (ФОТО)

Робин Ријана Фенти (32) денес е една од најпознатите и највлијателните жени во музичкиот свет, но патот до успехот не го изоди лесно.

Родена е на 20 февруари 1988 година во Барбадос во дисфункционално семејство, татко и со години се борел со зависноста, а често и физички го малтретирал целото семејство. Кога наполнила 14 години мајка и го напуштила нејзиниот татко и била приморана да работи разни работи за да го прехрани семејството.

-Мојот татко припаѓа на генерацијата на 60-тите кога дрога и алкохол се конзумираше секојдневно. Дрогата му ја одзеде контролата. Страшно се лутев на него. Ниту едно дете не треба да помине низ тој пекол, изјави Ријана пред десетина години.

 

View this post on Instagram

 

👨‍👧💕

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Двајцата не биле во добри односи, а тој стана актуелен во 2009-та година кога во јавноста го коментираше претепувањето на Ријана од страна на тогашното момче Крис Браун.

Истата година нејзиниот пијан татко го демолирал автобусот со кој пејачката била на турнеја.

Пејачката повторно сѐ му опрости неодамна дури и во неколку наврати му подари скапоцени подароци.

Инаку Ријана била злоставувана и во училиштето од нејзините врсници, а едно време продавала и облека на улица додека нејзиниот талент не го препознае американскиот продуцент Еван Роджерс.

Коронавирус