недела, 20. септември 2020. Вести денес: 86
home Познати

Има 73 години и се однесува како тинејџер: Актерот ја оставил сопругата по 35 години брак, па го „уловиле“ со младата убавица…

Има 73 години и се однесува како тинејџер: Актерот ја оставил сопругата по 35 години брак, па го „уловиле“ со младата убавица…

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ приватно не е толку воздржан како пред камерите.

Британскиот актер Чарлс Денс (73), во последно време е најпознат по својата улога во хит серијата „Игра на тронови“, а овој викенд тој во Венеција го промовирал новиот филм, но исто така пронашол време и за себе.

Овој 73-годишен актер фотографите го уловиле во друштво на младата убавица со која што разменувал нежности и се бакнувал со неа во морето.

Тој гордо ги покажал своите мускули, а со својата девојка веројатно уживал цело попладне.

Чарлс кој го глумеше Тивин Ленистер во „Игра на тронови“, беше во брак со Хуана Хејторн од 1970-та до 2004-та година, а поранешниот пар има две деца.

По разводот тој бил во врска со актерката Софија Мајлс, која во тоа време имала 20-на години, но љубовта не прашува за години.

Него исто така го поврзувале и со манекенката Шамбала Марте, а со актерката Еленос Бурман бил во врска четири години.

Најнови вести

Коронавирус