недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

Идниот зет на Шварценегер за момачка вечер потрошил 5.000 евра

Идниот зет на Шварценегер за момачка вечер потрошил 5.000 евра

Амерканскиот актер Крис Пат неодамна ја запроси ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, а момачката вечер која ја прославил во стриптиз бар потрошил 5.000 евра.

Како што пренесува британскиот „The Sun“ за него пристигнувале најскапиот шампањ и виски, а прославата била во познат лондонски клуб.

Извор за британските медиуми изјавил дека актерот ја искористил паузата за снимањето на филмот за да излезе со пријателите.

-Во еден момент на сцената се појави секси русокоса, стриптизета, која му се допадна. Почна да се разговара за неа, а во еден момент се пошегува дека ќе ја ожени, вели извор за „The Sun“.

За потсетување, Прат неодамна се сврши со ќерката на Шварценегер, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која неговата партнерка го носи свршеничкиот прстен.