Познати по пожарите во Лос Анџелес

И покрај болеста не се „изгубил“ себеси: Ретко појавување на Брус Вилис и гест кој ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Афазијата може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено, и обично се јавува по мозочен удар или повреда на главата.

И покрај болеста не се „изгубил“ себеси: Ретко појавување на Брус Вилис и гест кој ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Брус Вилис им се заблагодари на американските полицајци кои беа меѓу првите кои помогнаа да се изгасне пожарот во Лос Анџелес во редок јавен настап откако беше објавено во јавноста дека боледува од афазија и деменција.

Актерот се ракуваше и разговараше со полицајците на видеото објавено на Инстаграм од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.

Хеминг Вилис објасни дека Брус забележал полицаец чија работа вклучува да биде првиот одговор во случаи на катастрофа како онаа што го погоди Лос Анџелес.

-Тој никогаш не пропушти можност да ја покаже својата благодарност со топло ракување и зборовите: „Ви благодариме за услугата“, напиша таа покрај црно-белиот клип.


Талула Вилис, неговата најмлада ќерка со поранешната сопруга Деми Мур, била воодушевена од глетката, изјавувајќи дека нејзиното срце е полно. Исто така, корисниците на социјалните мрежи напишаа дека се воодушевени што и покрај неговата болест, тој не се изгубил себеси.

Семејството на актерот ја објави неговата дијагноза на афазија во март 2022 година, а исто така изјави дека жали што „заминал од кариерата што му значела толку многу“.

Афазијата може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено, и обично се јавува по мозочен удар или повреда на главата.

To top