сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 68
home Познати

И Елена Ристеска се огласи од карантин, еве што им порача на своите фанови (фото)

И Елена Ристеска се огласи од карантин, еве што им порача на своите фанови (фото)

Поради корона вирусот и препораки за заштита од истиот, многумина се наоѓаат во своите домови во самоизолација.

Имено, според надлежните институции и Светстката здравствена организација една од мерките да престане да се шири вирусот е да се остане дома во карантин 14 дена.

Сите апелираат да се почитуваа оваа мерка, а голем број на јавните личности поради истата ги откажаа своите настапи, патувања, активности, ангажмани…

Така тие времето го искористија за да останат дома со своите најмили, да се вклучат со следбеницитие, некои од нив пееја, други направија музички предизвик.

За тоа како се и што прават дел од јавнисте личности во самоизолација може да прочитате тука.

Македонската пејачка Елена Ристеска исто така се огласи од карантин, па апелираше до сите да останат дома.

Останете дома! Многу посериозно е отколку што мислите! Работам дома. Вежбам дома. Читам книги. Гледам серии. Го чистам домот. Готвам. Пријателите ги гледам на video call кога сакам. Им се јавувам на сите со кои сакам да бидам во контакт. Можете и вие!“ напиша и таа на социјалните мрежи.

Инаку, Ристеска во последно време е физички активна и оди во теретана, па и сега најде решение како да тренира и да ја одржува својата кондиција.

За потсетување, пред да се случи корона, пејачката беше во Мајами од каде што објави фотографија со непознат маж и предизвика шпекулации дека се омажила.

извор: vistina.com.mk

Коронавирус