петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Познати

Хрватската старлета тврди дека ставила нај несовршена фотографија досега, а кога фановите и ги здогледаа „нереалните“ гради сè им се разјасни

Хрватската старлета тврди дека ставила нај несовршена фотографија досега, а кога фановите и ги здогледаа „нереалните“ гради сè им се разјасни

Хрватската старлета Нивес Целзиус објави нова фотографија на својот Инстаграм профил која ја претстави како несовршена.

Сепак, иако таа за себе имаше само негативни зборови, фановите буквално останаа подзинати поради големината на нејзините гради.

-Сликата која не мислев да ја објавам, туку веднаш ја избришав за да не ми ги огрдува другите убави слики сепак решив да ја објавам. Од белези од песокот на себе, до масниот целулит и лошиот агол, чудната фаца, сенката на фацата и премногу несовршени елементи кои не ги задоволуваат критериумите на совршена слика, започна да раскажува таа.

Таа додава дека зборувајќи со пријател околу процесот за објавување на фотографии на социјалните мрежи му раскажала дека тоа не е процес од пет минути работа…

-Заклучивме дека неговата и мојата визија за „совршена“ фотографија се потполно различни. Таа што ја избришав за него е совршена бидејќи како што вели верно го доловува моментот. Што помалку се трудиме, тоа е и подобро, заклучи старлетата објавувајќи ја фотографијата.

Сепак она што на фановите им бодеше очи се нејзините огромни гради кои многумина се посомневаа дека сепак ги „обработила“ на фотошоп.

Коронавирус