вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 33
home Познати

Холивудскиот актер го исфрлил синот од тестаментот

Холивудскиот актер го исфрлил синот од тестаментот

Холивудскиот актер Ричард Харисон, кој помина во минатиот месец, наводно го исфрлил еден од синовите од тестаментот.

Како што пишува „Бласт“, тестаментот на покојната ѕвезда предвидува дека неговото наследство ќе се подели на сопругата и три сина – Џозеф, Рик и Кристофер. Но, во 2017. година, актерот се предомислил и го исклучил Кристофер.

-Би сакал да ја изразам својата љубов за Кристофер Кит Харисон. Но, за потребите на овој тестамент намерно и по полна желба пропушив финансиски да го осигурам, пишува во документот.

Во изјава за „Фокс Њуз“ еден од синовите, Рик изјавил дека семејството разговара за тоа, и оти овие информации се приватни. Не е јасно зошто актерот го исклучил синот, но не е јасни ниту колку точно изнесува неговото богатство. Ричард Харисон помина минатиот месец во 77. година.

Коронавирус